Свинско со кикирики
Потребно е: 125 гр. посно свинско месо, 50 гр. свежи краставички, 25 гр. свежо излупени кикиритки, 5 мл. бело вино, 20 гр. густин, 40 мл. масло, една белка од јајце, соја сос, праз, супа , лешник (по вкус).
Приготвување: исецкајте ги свинското месо и краставицата на коцки. Во посебен сад испржете ги кикиритките. Во друг сад помешајте ги свинското, солта, белките и половина густин, растворен со ладна вода, мешајте и се добро соединете. Во друга чинија измешајте ја супата со остатокот од густинот, солта, соја сосот и празот. Загрејте масло, исцедете го месото и ставете да се пржи, а притоа постојано мешајте. Потоа додадете ги кикиритките и пржете половина минута со постојано мешање . Пред серивирање, месото попрскајте го со пикантен сос, печени суви пиперки и со сечкан праз.
Фото- recipeler.com
Коментарите се затворени