#Седидома со Милчо. Во недела (29 март) на МТВ: ТВ-премиера на „Врба“

Убава вест за сите што го пропуштиле најновиот филм на Манчевски!
Имено, светската ТВ-премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски ќе се случи на 29 март (недела), во 22 часот на јавниот сервис МТВ1.
Со прикажувањето на „Врба“ ќе биде заокружен циклусот #Седидома со Милчо, на филмови од целокупниот опус на Манчевски што изминатиов период се емитуваа на државниот сервис, со цел да се помогне акцијата на Владата и да им се доближи квалитетна филмска програма на гледачите, во време на вонредната состојба поради коронавирусот.
Шестиот игран филм на Манчевски ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија. Ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери во киносалите во Скопје и низ земјава.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!