1. Кинески планини во бои на виножитото
Шест планини на геолошкиот парк Женгји Данксија во Кина во 2010 година се ставени на листата на УНЕСКО за светско наследство. Настанале пред неколку милиони години поради движењето на тектонските плочи, а со тек на годините природата создала неверојатни пејзажи во бои на виножитото.
2. Највисок слатководен систем во Непал
Да се искачите на Монт Еверест е неверојатно искуство, но не е за секого. Наместо тоа, уживајте во прекрасниот поглед на шесте глацијални езера на планината Гокио Ри (5357 m), кои имаат тиркизна боја. Тие заземаат околу 10 километри и се сметаат за највисок слатководен систем во светот.
3. Чоколадни ридови на Филипините
Задолжително посетете го Националниот геолошки споменик на Филипините – чоколадни ритчиња на островот Бохол. На педесет квадратни километри се наоѓаат нешто повеќе од 1.700 ридови кои настанале со еродирање на карпите, а препознатливата боја на чоколадо ја имаат во време на суша.
4. Камелеонски езера во Индонезија
Планината Келимут на островот Флорес во Индонезија се гордее со три катерски јазици кои ја менуваат бојата со оглед на годишното доба, временските услови и состав на минерали. Ова е причината зошто геолозите им припишаа камелеонски својства, па никогаш не знаете што ќе најдете кога се качите на нив.
5. Монументална пештера во Виетнам
Се претпоставува дека Шонфонг пештерата на границата меѓу Виетнам и Лаос е најголемата пештера во светот. Долга е околу 6,5 километри, а висока околу 200 метри. Тоа е толку голема што во неа може да се изгубите, па треба да ја посетите со професионален водич.
6. Водопадите на границата меѓу Кина и Виетнам
На границата помеѓу САД и Канада се наоѓаат Нијагарините Водопади, а ништо помалку импресивни не се ниту Бан Гиок на границата меѓу Кина и Виетнам. Тие се опкружени со прекрасно зеленило и камења, кои создаваат глетка за паметење.
7. Геотермални извори во Јапонија
Љубителите на геотермални извори дефинитивно треба да го посетат северниот остров Хокаидо, односно долината Јигоку која изобилува со нив.