Традиционалниот фестивал „Д фестивал“, годинава ке се одржи од 6 до 8 јули во Дојран. Како и вообичаено фестивалот ќе трае три дена а на сцената покрај „Архангел“ ќе настапат и бројни музички ѕвезди од светската, регионалната и домашната сцена како што се Пол ван Дајк, „Смат“, „Соник спишис“, „Ху-си“, „Трап да фак-ап“, Френки, „Културно уметнички работници“, „Бркови“, „Хелем нејсе“, „Коала војс“, Палиндром“, „Конспираси“, „Ки“, „Последен удар“, „Ар-Џи-Би“, „Кат јор нипл“, „Ана О“, „Мен ин а сјут“, „Ридјусд ту ешис“ и уште многу други кои наскоро ќе бидат објавени.
Покрај музичката програма паралелно на четири фестивалски бини, ќе се орагнизира дополнителната програма на таканаречениот ПлоштАРТ, која всушност е зоната на фестивалскиот камп, која вклучува филмски проекции, уметнички изложби, работилници, дискусии, спортски активности и мноштво забавни содржини.
Покрај веќе најавените артисти, на „Д фестивал“ во Дојран се очекуваат уште голем број музички изведувачи и учесници во дополнителната програма.