17.4 C
Skopje
сабота, мај 17, 2025
spot_img

Се омажи пејачката Нина Јанева: Од нашите завети сите се расплакавме

Минатата недела  се омажи пејачката Нина Јанева. Поточно Нина и Александар Николовски, чие презиме таа го додаде, направија само матично а најверојатно кон крајот на летото  ќе биде свадбата, заедно со венчавањето в црква.

-Ова е само матично, бевме 13 луѓе, кумот старостватицата и најблиските од моето и семејството на Александар. Повеќе луѓе ќе има на свадбата, која дополнително ќе ја закажеме. Матичното беше во Порта Македонија а потоа отидовме на вечера во една скопска вила, каде со Александар ја поминавме првата брачна ноќ, а утредента заминавме за Охрид, каде во спа центар го поминавме првиот брачен викенд. Тоа ни беше и како прв дел од месениот месец, бидејќи кога ќе биде свадбата тогаш ќе биде и вистинскиот месен месец. Се мислев за неколку локации ама, сепак, одлучивме на крај да одиме во Охрид, бидејќи мене Охрид ми значи, имам спомени од детство. Се одлучивме да го направиме матичното на 19 како датум бидејќи и родендените ни се на тој датум а ништо чудно и свадбата да ни биде на тој датум, вели Нина.

Деновиве многу се зборуваше за нејзиниот црн венчален фустан, но Нина вели- ова не е свадба па да биде црн венчален фустан.

-Бев облечена ви црн комбинезон, па ова е само матично, а не е свадба и црн невестински фустан како кажуваа.  Па дури и хип хоп свадба ја нарекуваа. Не, свадбата допрва ќе биде и тоа следната година, но се уште немаме точен датум. Тогаш и ќе имаме повеќе гости и се ќе биде поинаку, додава таа.

Бидејки е само матично, ги советувале дека бурми не се потребни, бидејки тие се поважни за црковниот брак. Но, сепак, си купиле од жолто-бело злато.

Во внатрешниот дел ги гравиравме. Обично ставаат датуми, но ние не. На мојата пишива „love Александар“ а на неговата „love Нина“. Кога ги стававме бурмите си ги кажавме и заветите. Немавме планирано кој што да каже, туку како ни дојдоа емоциите. А од нашите емоции се расплакавме сите, и ние и гостите и матичарките. Зборовите сами си дојдоа. Многу беше  емотивно за сите и сега да ме прашаш јас навистина не знам што си кажавме. Тоа не се повторува, вели Нина.

Нина и Александар се во врска скоро три години а две и пол живеат заедно.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена