Силви и Влатко, познати како „Силви бенд“ ќе одржат концерт кој е насловен како „Ромален“ и е во рамките на манифестацијата „Нов културен бран. Овој проект е на ” САИЛ-ВЛА“ продукцијата и претставува мјузикл , односно се работи за новото аудио издание „Ромален” седмо по ред, кое влегува во вековните проекти, со рустичноста, древноста и оригиналноста.
-Ова е прво вакво издание на сите времиња во нашата држава. Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика. Овој перформанс е масовен проект, кој го изведуваат околу 15-тина луѓе на сцената облечени во прекрасни народни и традиционални носии. Се работи за исклучително квалитетен носач на звук, исполнет со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет, богати кореографии, богат оркестар, вели Влатко.
Мјузиклот ќе се одржи во петок 5ти октомври од 20ч во Сули Ан во старата скопска чаршија