Пејачката Симона Поповска сними нов видео запис за “Ти си моја победа“ и тоа за прв пат со кадри од родниот Охрид. Летниот хит кој го промовираше минатиот месец е во сосема поразличен стил од предходните песни чие комплетно авторско дело е на Роберт Билбилов.
За изработка и реализација на видеото се погрижи Андреј Ѓоргиевски, снимен е на три локации, од кои главната во Охрид на плажа, на Галичица и во Скопје. Спотот изобилува со летни и помалку жешки сцени, затоа што и песната со нејзиниот стил го бара тоа.
Следно во најава што може да се очекува од Симона е уште една нова песна со Ерик Фокс која за скоро време ќе биде промовирана со видео запис.
Веднаш по промоцијата на видеото Симона замина во четиридневна посета на Милано на усовршување во сферата на естетската медицина, врвната естетска дерматологија и козметологија.