5.8 C
Skopje
вторник, февруари 18, 2025
spot_img

Синот на Сашко Велков, Давид, освои 13 место на World Accordion Championships во Кина

Давид Велков, помладиот син на нашиот врвен хармоникаш и композитор Сашко Велков, пред два дена се врати од Кина каде беше дел од 72. Светски куп мудијал (World Accordion Championships), каде го освои одличното 13 место, од вкупно 58 пријавени кандидати.
Велков помладиот на натпреварот одржан во Шенжен, се натпреваруваше свирејќи класична музика во категоријата Masters coupe mondiale.
Давид, инаку е трета година на Факулетот за музичка уметност (хармоника) во класата на професорката Зорица Каракутовска, која е и главниот виновник за освојувањето на оваа награда и која беше и дел од жири-комисијата на ова врвно светско натпреварување, кое се одржа во периодот од 12 до 17 август.
„За овој натпревар се подготвував три месеци, што навистина е мал период за подготовка за светски натпревар од овој вид, каде конкуренцијата е преголема“- вели Давид, кој веќе има освоено многу награди, меѓу кои и една прва во категоријата јуниори, жанр- фолк музика, и тоа во соседната Србија. Вели, оваа награда му е драга затоа што не е лесно паралелно да се свират два различни жанра – класика и фолк, иако признава засега повеќе е посветен на класичната музика. Со овој избор на Давид се согласува и неговиот татко, виртуозот на хармоника, маестро Сашко Велков.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена