Калинката е симбол на здравје, плодност и вечен живот, а многубројни истражувања врзани за неа носат многу оптимистички прогнози – се работи за најлековитото овошје на светот. Таа е опишана како овошје со 613 зрнца, семките се декоративни и служат за декорирање на благи и солени јадења.
– Калинката ја нарекуваат и „семекаста јаболка“, а темноцрвени семки што се наоѓаат под нејзината кора наликуваат, и по учиникот врз здравјето се како скапоцени камења, вели Тања Турунџиева, нутрицинонист. – Калинката содржи: антоцијанин- пигменти кои помагаат при превенција од заболување од рак или од срцеви болести. Некои податоци укажуваат дека антоциниумот ги јакне капиларите, што е многу корисно и за хемороиди и за проширени вени. Сокот од калинка има трипати поголем антиоксидантен капацитет од истото количество на црвено вино, а антоциниумот дава голем придонес за антиоксидантната моќ на калинката.
Потоа, калинката содржи елагинска киселина, која може да дејствува со другите антиоксиданти при заштита на организмот од токсини од животната средина, па калиум кој го намалува ризикот од срцеви заболувања, појавата на камен во бубрег и од шлогирање, катехин-фитосоединение кое претставува одбрана на организмот од рак.
Манганот, пак, е минерал многу застапен во калинката и кој е пресуден за здрави заби и за здрави коски. Освен тоа 100 мл сок од калинка содржи 16% од потребното дневно количество на витаминот Ц.