Претседателот на Сојуз на спортови на Скопје, Ѓорги Кузмановски, на своја 77 годишна возраст, ќе вози велосипед заедно со Дејан Момировски, поранешен велосипедист и тренер на 50 годишна возраст, на релација Скопје- Богомила. Турата , која е 90 километри ќесе одржи во сабота на први септември.Тие ќе тргнат од плоштад „Македонија“ во 09.30 часот и се очекува да пристигнат во Богомила во 13 часот.

Оваа тура е повод осми септември, Денот на независноста на Република Македонија и Сојузот на спортови на Скопје ја организира седмата велосипедска тура низ Македонија.
Овој настан е под покровителство на Владата на Република Македонија и има за цел да прерасне во активност која ќе го негува здравиот живот во Македонија уште многу години.

Оваа тура е повод осми септември, Денот на независноста на Република Македонија, и Сојузот на спортови на Скопје ја организира седмата велосипедска тура низ Македонија.
Од 2012 до денес ги имаат реализирано следниве тури: Во 2012 Битола – Скопје 175 километри, во 2013 Скопје – Гевгелија 165 километри, во 2014 Скопје – Свети Николе 77 километри, 2015 Крушево – Скопје 152 километри, 2016 Штип – Струмица 110 километри и минатата година , во 2017 Маврово – Кичево – Битола 122 километри.