5.8 C
Skopje
сабота, февруари 15, 2025
spot_img

Слабеење без диета

Како да се ослаби без диета? Нутриционистите велат дека е можно! Притоа, опасноста лежи во тоа – откако брзо ќе се ослаби, килограмите брзо се враќаат и затоа не се препорачуваат експресни диети.
Експертите порачуваат дека е доволно да внесете некои здрави навики во својот живот и резултатите се веднаш видливи. Еве ги наважните совети:
Појадувајте секој ден
Многу луѓе погрешно мислат дека ќе се ослободат од некои калории ако не појадуваат, но тоа води само кон претерано јадење за време на ручекот. Докажано е дека витите луѓе првиот дневен оброк не го прескокнуваат, а исто така покажуваат и подобар ефект на работа. Предлог: обидете се интегрални житарки со исечкано овошје и обезмастен јогурт да ви бидат појадок.

Не влегувајте во кујна во текот на ноќта!
Утврдете го времето кога ќе престанете да јадете и одбегнувајте грицкање слатки. Ако сакате некој десерт по вечерата, испијте шолја чај. Потоа, измијте ги забите – така ќе ја намалите веројатноста да јадете уште нешто.
Внимателно бирајте што пиете!
Често забораваме на течните калории, а тие се многу важни. Засладените напивки ни додаваат калории, а не ја гасат жедта. Најдобро е жедта да ја згаснете со вода, а може да исцедите и малку лимон, ако ја сакате таа комбинација. Се препорачува обезмасно млеко, како и сок од цедено овошје. Исцедениот сок е хранлив и нискокалоричен, па може да ви послужи како ужина меѓу два оброка. Бидете внимателни со алкохолните пијалаци, зашто можат да бидат многу калорични.
Најдобри се интегралните жита
Ако белиот леб го замените со интегралнен, ќе заштедите многу калории и ќе сторите многу за своето здравје, зашто продуктите од оваа група содржат најмногу влакна, што го одржуваат чувството на ситост. Од интегралното брашно се прават и тестенини, слатки, пуканки, крекери и кафеав ориз.
Контролирајте ја својата околина
Водете сметка за се што ве опкружува, а што има влијание на исхраната – од преуредување на својата кујна, до избор на ресторанот во кој одите. Кога одите на некоја прослава, јадете здрава ужина пред да заминете, за да не дојдете во искушение…

фото-Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена