6.8 C
Skopje
понеделник, март 24, 2025
spot_img

„Сланинијада“ во Качарево, Србија, најголема гурманска манифестација во регионот

Минатата година, во јужнобанатското село- гастрономската метропола- Качарево, за кое, велат не ви е потребен „гугл“, туку само- добар нос, беа изложени над 100 тони разни видови сланина, 400 вида сувомеснати производи а го посетија 100 000 гурмани. Ако кон овие импресивни бројки се додаде дека досега, во овие 35 години на постоењето на манифестацијата, го посетиле повеќе од 3,5 милиони луѓе, станува збор за- светска манифестација.
До новото 36-то издание на Сланинијада се брои ситно – се одржува од 15 до 18 февруари, а во Качарево, како што велат организаторите, бројките ќе бидат надминати! Очекувајте сензации, дегустации и дружења!
Инаку, многубројни се изложувачите на Сланинијада, се изложуваат сланините од цела Србија и од регионот, нашата земја е најнаградуваната и вистински адут, но можат да се сретнат производи од Кина до Америка.
Во силната конкуренцијата во Качарево, каде и самото учество е своевиден престиж се враќа традицијата на голема врата: специфичен, старински начин на обработка на сланината, како што го правеа нашите дедовци значи и збогатување на исхраната „како некогаш“, со стара добра сланина и маст, кога се живееше и подолго и поздраво.
Сланинијада е ново искуство што не треба да се пропушти!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена