Зголемувањето на задникот е една од нај ризичните операции во светот. Американски експерти во областа на пластичната хирургија предупредуваат за опасност од зголемување на задниците со помош на масти. Според лекарите, најмалку 32 смртни случаи се регистрирани по трансплантација на масти од крстот до бедрата, пишува Science Alert.
Според лекарите, се повеќе и повеќе пластични хирурзи правата такви операции со лош квалитет, со грубо кршење на основните правила на хигиената и постапката како целина. Една од најчестите не сакани ефекти на таквата операција во последниве години е запушувањето на крвните садови. Само во 2017 година низ целиот свет 103 пациенти побарале медицинска помош по операции за зголемување на задникот. Лекарите предупредуваат дека неправилниот и лош квалитет на внесување масти во задните делови на телото може да доведат до сериозни проблеми, меѓу кои може да има белодробна инсуфициенција па дури и мозочен удар.