Пролетта е период во годината кога се соочувате со наплив на енергија, се вљубувате и одлучувате нештата да ги почнете од почеток.
Доколку сеуште сте уморни и ви недостига енергија, следете ги делотворните совети на фенг шуи за нејзино враќање и на тој начин подготвено ќе ги дочекате новите денови, кои ќе бидат- убави.
Целта на пролетното чистење е да ги оставите настрана сите нешта од кои немате корист и да го отворите просторот за нова и свежа енергија во животот.
Состојбата во кујната е одраз на вашата здравствена состојба.
За почеток би било добро да го исчистите тој простор, а препорачливо е да користете средства на природна база наместо скапи и штетни хемикалии.
Чистиот простор ќе и овозможи на енергијата слободно да навлезе и да циркулира во просторот.
Во домот внесете најмалку три нови вазни со зелени растенија. Покрај тоа што ќе го освежат просторот, тие симболизираат приземност и нов почеток.
Доколку одлучите да ги сместите во кујната, тогаш најдобро е да одберете рузмарин или мента, бидејќи и двете растенија се поврзани со здравјето.
Доколку посакувате да ви се случи нова љубов во животот, мора да направите простор и за тоа. За да влезе нова личност во вашиот ум и срце, треба да се ослободите од негативната енергија и лошите мисли, а во замена за тоа да и дадете простор на енергијата да ви сигнализира дека е време за нова врска.
Чисто, уредно и организирано се трите нешта кон кои треба да се стремите оваа пролет. На тој начин ќе направите комплетно чистење на телото и домот, а во замена за тоа ќе се здобиете со позитивна енергија, возбудување и креативност.