Состав – овој пикантен корен содржи етерични масла кои ја подобруваат работата на жолчката, ги разградуваат мастите и го помагаат извлекувањето на штетните материи од организмот. Ѓумбирот содржи и ензими кои го подобруваат варењето на храната.
Совет– Исецкајте 10-20 г. ѓумбир и прелијте со топла вода или сурутка и испијте.
Дејство– кога ќе изедете нешто луто ви станува топло што е добро за организмот. Така се подобрува размената на материи, циркулацијата е подобра и порите се отворени а секако се разградуваат и мастите.
Совет– слично дејство имаат и карито, чилито и пиперката. Инаку овие зачини се многу подобри од солта и затоа е пожелно почесто да се употребуваат во исхраната.