Сонцето знае да биде опасно

Топлотни грчеви, иритација на кожа, сончаница…, можат да ве “нападнат“ зошто со сонцето нема шега. Кога ке дојде до несакани здравствени проблеми, поради преголема изложеност на топлината, еве што да превземете.

Топлотни грчеви

Настануваат по големи физички оптоварувања и тоа кај луѓето што многу се потат. Со потењето се намалува концентрација на вода, сол, на калиумот и магнезиумот во телото.

Симптоми: Силни грчеви што се јавуваат во рацете, листовите или стапалата.

Прва помош: Кај поблагите облици не е неопходно да се побара лекарска помош. Таков е случајот со топлинските грчеви, чијашто појава може да се ублажи, или сосема да се прекине откако ќе се тргнете во сенка, како и со консумирање на течност и храна што содржи сол. Најдобро е да се повлечете во разладена просторија, а препорачлива е и лесна масажа на мускулите зафатени со грчеви. Ако грчевите не престанат, сепак посетете лекар.

Иритација на кожа, осипување

Станува збор за иритација на кожата поради преобилно потење, при топло и влажно време.

Симптоми: Доаѓа до појава на црвени приштчиња или мали пликови, главно на вратот или горниот дел од градите, препоните, под градите и на внатрешниот дел од лактот. Можат да се појават и кај малите деца.

Прва помош: Најдобрата помош при појавата на осипот е деловите на кожата зафатени со осипот да се држат суви, а за да се намали чешањето треба да се употреби пудра. Креми и масти не се препорачливи, зашто ја одржуваат кожата топла и влажна, што може да ја влоши состојбата.

Исцрпеност од горештина

Настанува поради потењето, при тешка телесна и физичка работа и со вежбање. Губењето на течности може да предизвика проблеми со циркулацијата, па дури и на мозочните функции. Исцрпеноста од горештината најчесто ги погодува постарите лица со висок крвен притисок и луѓе што работат или вежбаат во услови на високи температури.

Симптоми: Обемно потење, студена и влажна кожа, грчеви во мускулите, слабост, вртоглавица, главоболка, мачнина или повраќање, збунетост или анксиозност, несвестица, успорени и слаби отчукувања на срцето.

Прва помош: Преместете го болниот во студена просторија и поставете го во лежечка позиција со лесно подигнати нозе. Ладни напитоци, сол, вода со сол, сок од домати-  можат многу да помогнат.. Ако не се сфати сериозно, исцрпеноста со горештина лесно може да прерасне во топлотен удар.

Фото- Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени