Спанковци, премногу спиење е штетно за здравјето

Оние што спијат околу седум часа секоја ноќ го намалуваат ризикот од прерана смрт. Всушност, поопасно е да се спие премногу, отколку премалку, откриваат шведските истражувачи.
Нарушување на сонот, меѓу другото, може да е последица на низа болести, како што се дијабетес, депресија и болестите на крвните садови. „Таа врска меѓу стареењето и спиењето е мошне очигледна“, вели Торбјорн Акерстед, професор при Каролинскиот институт во Стокхолм и управник на шведскиот Институт за истражување на стресот.
Додека за еден 20-годишник може да биде доволно спиење од осум и пол часа, потребата од сон во подоцнежните години се намалува, така што на еден 60-годишник му се доволни и шест часа сон.
Во контекстот на резултатите од најновите шведски истражувања се потенцира дека експертите долго време сметале дека околу осум часа спиење е најдобро.
Но, веќе пред десетина години беше направена една голема американска студија во чии рамки биле следени 1,1 милион лица на возраст од 30 до 70 години, во период од над десет години. Според тогашните заклучоци, оптималната должината на спиењето била од шест и пол до седум и пол часа.
Многумина пациенти биле вознемирени поради недостиг од цврст сон, но речиси сите – околу 90 проценти – кај кои должината на спиење се покажала како здравствен проблем, биле во групата која спиела осум часа или подолго.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!