16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Српска естрада на 10 години брак кај пејачката Јасмина Мукаетова

Фолк пејачката Јасмина Мукаетова и нејзиниот сопруг Трајче  идниот месец ќе слават 10 години брак. Тие живеат во Њу Џерси, САД, но специјално за годишнината ќе дојдат во родното  Кавадарци и таму  ќе го прослават јубилејот. Како што најавуваат на прославата покрај македонски пејачи и музичари ќе има гости од српската естрада.

Јасмина со сопругот Трајче

-Јас  и Трајче идниот месец ќе направиме 10 години откако сме заедно.  Иако живееме во Америка, сепак, сакавме да дојдеме на летен одмор и заедно со наши блиски да ја прославиме годишнината. Да, веќе се договоривме со мои колеги пејачи, но ќе има и пејачи од Србија, кои ни се омилени на мене и на Трајче. Кој ќе пее, нека биде изненадување, вели Јасмина.

Јасмина со децата

Јасмина и Трајче потекнуваат од ист град, но нивната љубов се роди додека таа беше на турнеја низ Америка а тој веќе одамна живееше таму. Венчавка направија и во Лас Вегас. Во бракот ѓи имаат двете синчиња, Дине и Зуко, кој го доби името по надимакот на татко му. (В.М.)

Потекнуваат од Кавадарци а се засакаа во Америка

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена