-0.2 C
Skopje
сабота, ноември 15, 2025
spot_img

Стојне Николова ќе ја промовира „После мене“

Фолк пејачката Стојне Николова утре вечер ќе ја промовира песната „После мене“, зад која како автори се запишани Бобан Мојсовски, задолжен за музиката и аранжманот и Љупчо Василевски, кој го напиша текстот. Песната е снимена во „ХЛ“ студио.

-Песната ќе ја промовирам заедно со спот во студиото на  новата „Зона“ продукција.  Песната е брза, летен хит и веќе на настапи ми ја бараат. Брзо влегува во уво. Станува збор за песна во која, секако, се зборува за љубовта. Станува збор за момче , кое не  ми обрнувало внимание и јас  сум го напуштила. Е сега, сака да ми се врати, но јас веќе сум со друг. Секојдневна љубовна приказна, вели Стојне.

По промоцијата Стојне заминува на кус одмор а потоа се враќа на редовните обрски на веќе одамна закажани настапи по клубовите низ државата. Освен тоа таа подготвува и свое шоу на интернационалниот фестивал „Пирин фолк“, кој ќе се одржи во септември во Сандански, Бугарија.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена