16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Стратегии на менџерите и трговците за да потрошите повеќе пари

Постои цела стратегија направена и осмислена од менаџерите и трговците што треба да ве намами и инспирира на купување- од убав распоред во продавницата до пријатна музика и огледала што ве прават вити. Дали сте забележале дека гардеробите, како по правило се наоѓаат во последниот дел на бутици и продавници?
Распоредот во продавници периодично се менува за да директно не се упатите кон она што ви треба, туку да наидете на – нови искушенија.


На пример, огледалата низ дуќаните мамат, и затоа често подзапираме да го провериме нашиот изглед.
Потоа, музиката за време на шопинг: најчесто е релаксирачка, со пријатен ритам, успокојува и релаксира.
Можеби не сте забележале но подните плочки се помали од вообичаените и прават да чувствувате дека одите пребрзо, така забавувате и почнувате да им се восхитувате на понудените производи.
Огледалата во гардеробите најверојатно – искривени, ве наведуваат да мислите дека облеката што ја пробувате многу поубаво ви стои отколку што е тоа е навистина.


Количките во супермаркетите обично се многу поголеми отколку што всушност треба да бидат, така што побавно се полнат и ви оставаат многу простор да додадете уште некој производ.
За разлика од понудите „купи едно, второто е бесплатно“ за полна цена (или надуени цени на производи) трговците на мало не сакаат купувачите да ги потрошат нивните буџети на распродажба, каде што нивните маржи се помали.


Потоа, производите на распродажба често се неорганизирани, со нејасно истакнати цени, големина и распоред, што фрустрира и наведува да се вратите на убаво изложените производи кои не се на попуст.
Продавачите се користат со паметни трговски трикови- кога ќе ви бидат покажани соодветни ракавици, чорапи или чевли, ќе се најдете во ситуација дека и покрај тоа што не ви се потребни, сакате да ги имате. Истото можете да го забележите и на интернет, каде што се предлагаат производи врз основа на вашето купување или кои страници сте ги погледнале.
Еден едноставен, но ефективен трик е нешто „да ви падне во очи“. Кога брзате често го земате првото нешто што ќе го видите, или набрзина фрлате поглед и им верувате на промоциите, без да направите добра математика.


Во супермаркетите, брендираните производи секогаш се во висина на очите. Промоциите, како и контроверзните рефус- понуди за кои слушате, исто така се јасно видливи- во висина на очите, или блиску до гардеробите, лифовите и касите.
Цените се означени така што на прв поглед верувате дека понудата е подобра отколку што навистна е. Хоризонталните броеви се поставени подалеку, така што се чини дека цената е подобра, а намалените суми се прикажани во многу поголем фонт, за да се нагласи разликата.

Фото – Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена