16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Сузана Блажевска мастер артист за јапонски веѓи: Со техниката влакно по влакно веѓите имаат природни изглед

Покрај очите веѓите се огледало на вашето лице. Колку и да сте средени, ако веѓите го немаат вистинскиот облик, кој одговара на вашето лице, тогаш се е за џабе.  Сузана Блажевска, сопственичка на Центарот за убавина „Афродита С“ вели дека со јапонската техника за исцртување на веѓите се добива убав природен изглед.  А што е целта на секоја жена? Да биде убава и природна. Порано се воодушевувавме на веѓите на многу холивудски убавици, но сега за само еден ден, односно за час и половина, колку што трае третманот, и кај нас се исцртуваат природни и убави веѓи.

Сузана Блажевска од „Афродита С“, мастер артист за јапонски веги

-Чекор напред е направен со т.н. јапонска техника за исцртување на веѓи со што се добива природен изглед на веѓите. Под терминот веѓи со “природен изглед“ се подразбираат средени веѓи со убав изглед, кој наликува на нивниот природен изглед. Со нивното исцртување влакно по влакно се добива впечаток дека веѓите воопшто не се исцртани, нешто што беше потешко да се постигне со претходната техника на исцртување на веѓи. Јапонското исцртување е техника која ја применуваат многумина од познатите личности како што се Анџелина  Џоли, Светлана Цеца Ражњатовиќ, Дани Димитровска итн.

Каква е процедурата? Колку време трае правењето на јапонските веѓи?

-Најпрво, полутрајната шминка се изведува во стерилни услови и исклучиво со опрема за еднократна употреба. Првиот чекор е утврдување на природниот облик на веѓите според челната коска и физиономијата на лицето. Третманот на исцртување на вегитe трае околу 1,30 часа. Вашите влакна не се чупаат ниту пак депилираат пред третманот. Се чупаат само оние кои се надвор од нацртаниот облик, останатите остануваат а цртањето се прави измеѓу нив. По завршениот третман нема отеченост, а ако има благо црвенило престанува за 30 минути. После третманот се спроведува пoсттретмански тек, како би била трајноста на пигментот по долга. После 1 месец од извршениот третман повторно се доаѓа на корекција која е задолжителна за доцртување на влакна кои може да избледат или избришат.  При оваа метода не се користи апарат за исцртување, туку веѓите, влакно по влакно, се цртаат директно на кожата со употреба на посебен апликатор со мал секач. Специфичниот метод на исцртување дава потполно природен изглед, бидејќи не се пополнува целата форма, туку, со посебна техника, се цртаат тенки и закривени влакненца во правец на нивниот природен раст.

Трајни се или привремени?

Ова е еден вид на полутрајна тетоважа, која трае подолго време. Односно, траат 3-5 години со што во меѓувреме се препорачува еднаш годишно да се прави освежување на пигментот (бојата) бидејќи со тек на време и под влијание на надворешните фактори, пигментот избледува и за три години може целосно да избледат. На тој начин ќе се продолжи интензитетот на бојата во текот на следната година. Во теорија, со оглед на тоа дека пигментот се врзува за клетките во епидермисот, а тие клетки се обновуваат во период до 2 години, и самиот пигмент би требало да трае исто толку долго. Сепак, во пракса тоа не е така. Мора да се земат предвид факторите кои влијаат за обновување на клетките. Битен фактор е пост-третманскиот тек и типот на кожа. Масната или проблематична кожа, долгата изложеност на сонце, солариум, разните абразивни третмани и употребата на креми за обнова на кожата, се фактори кои ќе придонесат за побрзо избледување на пигментот на веѓите. Во текот на првата седмица по третманот треба да се почитуваат дадените совети и да се води правилна нега на веѓите за да не се изгуби бојата заедно со крастичките кои се формираат по третманот. Потребно е да се направи корекција по 20 дена од третманот. Конечниот изглед и пигмент ќе го добиете, по извршената прва корекција на веѓите.

Колку е болна методата?

 

-Исцртувањето со оваа метода е скоро безболна. Се користи лесен анестетик во вид на крема. Можно е  во текот на исцртувањето да се почувствува пецкање, но тоа се јавува само кај хиперсензибилните личности.

Дали само жените прават јапонски веѓи или има и мажи?

-Поголемиот дел од клиентите се припадничките на понежниот пол, но сепак оваа метода им е потребна и достапна и на мажите. Најсоодветни кандидати за овој третман се оние лица кои почнале погрешно да ги оформуваат веѓите со што го уништиле нивниот природен изглед, густина и големина. Воедно, и оние лица кои, поради одредени причини, постепено започнале да ги губат веѓите. Јапонската техника на исцртување влакно по влакно помага да се искорегира обликот на веѓите  во вакви случаи.

Секој од вработените може да го прави тоа или има специјална обука?
-Бидејќи станува збор за полутрајна тетоважа на веѓите, која носи голема одговорност, секако е потребно да се помине специјална обука, многу вежбање и да се поседува афинитет кон артистика.Техниката за јапонско исцртување на веѓите е актуелна метода која постојано се надоградува. Почетоците ми се пред 6 години кога учев од г-нот Бранко Бабиќ кој е врвен артист во својата работа. Се стекнав со Сертификат за Ројал Артист издаден од Microblading Academy предводена од Бранко Бабиќ. Но,секоја година се надоградувам во областа на Microblading-от со учеството во Мастер Класовите на кои имам можност да учам од врвни и светски познати Мастер Артисти.

Дали се обликуваат според цртите на лицето или е една шема?

Дани Димитровска со јапонски веги

Обликот на веѓите се формира исклучиво според формата на лицето и челната коска. Пигментот, односно бојата на веѓите, се определува во зависност од пигментот на Вашите природни веѓи. Следејќи ги овие правила, стручното ќе Ви помогне Вашите нови веѓи да го разубават Вашето лице. Треба да бидете сигурни дека го посакувате овој третман. Пред да се решите за истиот, можете да дојдете на консултации во врска со сите дилеми кои ги имате. Треба да бидете свесни дека Вашите сугестии при утврдувањето на обликот на веѓите честопати можат да бидат причина за Вашето евентуално незадоволство од нивниот конечен изглед на крајот од третманот. Веѓите на Вашиот лик ќе изгледаат убаво само ако се во склад со вашето лице. Оттука, треба да знаете дека обликот на веѓите кој сте го посакувале бидејќи ви се допаднал на друго лице, кога ќе се исцрта на Вашето можеби нема да ги исполни Вашите очекувања. Затоа, многу е важно да знаете дека ако сакате успешен резултат и добар визуелен ефект, изгледот на веѓите мора да му го препуштите и да му верувате на професионалецот за нивно исцртување.

Зошто е добро да се направат вакви веѓи?

Со методот на Јапонското исцртување на веѓите влакно по влакно, се подобрува природниот изглед на веѓите, ја добиваат посакуваната и правилна форма. Формата на веѓите ја одредува исклучиво артистот , но за определување на дебелината на веѓите учествуваат и самите клиенти. Со еден третман имате средени веѓи со кои можете да се пофалите во вашето опкружување и конечно да го фрлите моливчето за веѓи и да се ослободите од секојдневното цртање на веѓите. Да споменам дека се користат природни пигменти од растително потекло кои не предизвикуваат алергиски реакции.

 

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена