Фолк пејачката Сузана Гавазова идната недела заминува за Белград, каде ќе ја снима првата од трите песни наменети за балканскиот пазар. Последните подготовки ги направи вчера кога реши да ја смени фризурата, во стилот на Ники Минаж ќе снима спот, а целата кампања околу нејзините песни на српски јазик ќе ја води „Гранд„ продукција.
-Сакав промена, пред некое време малку ја сменив боја но тоа не ми беше доволно. Сакав поголема промена и ја направив оваа фризура бидејќи е актуелна. Многу слушам рап, а ја сакам Ники Минаж и затоа ја направив промената. Освен тоа јас и музички ќе го сменам стилот. Моите песни се повеќе ќе се поп песни. За балканскиот пазар се планирани три песни. Едната ќе ја снимам идната недела на српски јазик. Дениел Х и Драган Брајовиќ- Браја ми ја прават песната. До крајот на месецов за неа ќе снимам спот и тоа со Харис Дубица, кој снима спотови за Брена и од август маркетиншки за промоција ќе се погрижи „Гранд“. Другата песна е исто така на српски јазик и ќе биде во дует со „Балкан бенд“, додека третата е на македонски јазик, вели Сузе.
Освен со фризурата Сузе деновиве го запали Фејсбук со фотографии во костим за капење од грчките плажи. Сузе веќе долго време вежба и внимава на исхраната и телото го има доведено до совршенство.
Вежбав и додека си бев во Струмица а продолжив да вежбам и кога се омажив во Шведска. За раѓањето на Емели и Селена направив малку пауза ама потоа повторно, секој ден во теретана по саат и пол. Исхраната ми е на салата, пилешко, риба и овошје. Сега сме на одмор, не вежбам ама затоа со сопругот Јасмин во Грција пливавме секој ден по 3.5 километри. Со нас беа мајка ми и татко ми и они на плажа се грижеа за децата а ние пливавме. Во сето ова не е поентата да се ослабе, јас не сакам да бидам слаба, туку да се зацврсне. Не сакам да бидам манекенка. Затоа и јас не внимавам на килограмите, не ми е важно колку килограми имам, туку да бидам стегната. А во сето ова можеби една од најважните работи е духовно да бидеш задоволен. Јас сум среќна и духовно растеретена. Маж ми ме одржува, среќна сум во бракот а тоа се гледа на мене, додава Сузе. (В.М.)