12.6 C
Skopje
недела, мај 18, 2025
spot_img

Сузе Турунџиева: Имаме бебе, летам од радост

„Ох, каква убавина е ова, обземена сум од радост – ни рече Сузана Турунџиева откако на својот фејсбук профил напиша дека ќерка и Лора стана мајка.
– Лора испадна права хероина, многу поголема од мене, раскажува Сузе, не криејќи ја својата возбуда.
„Нејзината желба да се породи природно и да ги следи инструкциите на гинеколозите беше толку силна, што 20 часа издржуваше големи болки, чекајќи се да биде природно. На крај, сепак раѓањето мораше да се заврши со царски рез. Сега имаме бебе! Двајцата се супер, а малиот шармер е ист како тато Филип, кој беше присутен во сала и за цело време на раѓањето ја држеше Лора за рака.
Бебе во семејството е нејголемиот дар, а прабабата Блага тоа најмногу го чувствува. Радост и само радост!
Се придружуваме кон многубројните честитки и им посакуваме бескрајна среќа.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена