Сe` од карфиол, брзи рецепти

Запечен карфиол
Состојки: 500 г карфиол, 100 г сланина ,100 г кашкавал, 400 мл павлака, 50 г путер, 1 чешне лук, 2 лажици лебни трошки.
Карфиолот се дели на цветчиња и се става во солена вода да омекне.
Тавата за печење се мачка со путер, се додава сечкан лук, па одозгора се става карфиолот исцеден од вода, потоа сланина, кашкавалот и се зачинува. Настрана се меша павлаката и со оваа смеса се полева карфиолот – најгоре се ставаат лебните трошки и се пече во загреана рерна.

Чорба од карфиол
Потребно е: 400 грама карфиол, кромид, коцка за супа, 1 супена лажица семе од ким, 3 супени лажици слатка павлака, дополнителни парчиња карфиол за печење, сок од еден лимон, магдонос, сол и бибер, маслиново масло.
Полека пропржете го кромидот, ставете сол, а потоа додадете и една полна лажица семе од ким. Пржете ги заедно неколку минути. Ставете издробена коцка за супа, а потоа и парчиња карфиол и прелијте со жешка вода. Оставете ја течноста да зоврие се` додека да омекне карфиолот.

Карфиол со мелено месо
Состојки: 400 г мелено месо, 1 главица карфиол, 1 компир, 2 моркова, 2 лажици мелени ореви, 2 чешниња лук, 4 лажици лебни трошки, 1 кромид, 2 јајца, 150 мл млеко, 2 лажици павлака, сол, црн пипер, 2 домати, 100 г изрендан кашкавал и магдонос.
Обарениот карфиол ставете го во ладна вода, испржете кромид, потоа и месото. Додадете рендан морков, рендан компир и продолжете да пржите. На крај, ставете сечкан магдонос, сол, куркума, црн пипер, лук, мелените ореви, лебни трошки, се` добро промешајте и тргнете настрана.
Во огноотпорна тава ставете го карфиолот, а врз него истурете го филот со меленото месо. Посипете со фил од јајца, млеко и павлака, наросете кашкавал и одозгора наредете сечкан домат. Вака подготвената тава ставете ја да се пече на 220 степени додека доматите да фатат коричка.

Карфиол со домати
Состојки: 2-3 средни домата, 1 карфиол, масло, сол
Карфиолот разделете го на мали парчиња, доматите исечети ги на покрупни коцкички и варете. Помешајте повремено, зачинете и капнете малку масло.

Супа од карфиол
Состојки: целер, 1 карфиол, кромид, сол.
Карфиолот разделете го на ситни делови, исечкајте го кромидот покрупно, а целерот на поситни делови. Потоа ставете ги во подлабоко тенџере да зовријат. Супата е готова за 30 минути. На крај се посолува.

Карфиол во тесто
Состојки: 1 карфиол , 2-3 јајца, млеко, пченкарно и бело брашно, 2 лажици сусамово или ленено семе, 1/2 лажичка печиво и 1 лажичка сол или мешавина сув зеленчук.
Се прави смеса како за палачинки, ама погуста. Потоа обарениот карфиол се похува, цвет по цвет.

Салата со карфиол
Состојки: 600 г карфиол, 60 г кисели краставички , 60 г црни или зелени маслинки без семка, 2 пиперки, 1 лажица сечкан магдонос, балсамико и сол.
Карфиолот се кине на мали цветчиња и се вари во солена зовриена вода 5 минути. Се цеди и се лади.
Краставичките, маслинките и пиперките исечкајте ги, додајте ги во карфиолот и измешајте. Ставете сол, балсамико и маслото по вкус.
Салатата посипете ја со магдонос и служете.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени