17.4 C
Skopje
вторник, мај 20, 2025
spot_img

Тамара, ти веќе победи!

По 7 години апстиненција, влеговме во евровизиското финале. Браво за Тамара, испеа беспрекорно, со тон емоции, не направи горди, и, дефинитивно, овој вокал Евровизија долго ќе го памети.
Браво за тимот на „Proud“- Роберт Билбилов, Лазар Цветковски, Дарко Димитров, Коста Петров, Сања Поповска, Антонија Гиговска, Александра Јанева, Васил Гарванлиев, браво за магичната креација на Александар Ношпал.
– Супер сме сите, пресреќна сум. Ви благодарам што верувавте во мене. „Proud“ е песна за сите нас. Ова е резултат на тимската работа. Да се гордееме со себе и со луѓето околу нас. Фала ви на поддршката. Ве сакам. Ќе ве направам горди и во сабота!- се огласи Тамара на ФБ, веднаш по прогласувањето.
Освен нас, финалистите од втората полуфинална евровизиска вечер се Холандија, Албанија, Шведска, Швајцарија, Данска, Малта, Русија, Азербејџан и Норвешка, а вкупно 26 песни ќе се натпреваруваат во сабота.
Тамара е под бр. 8, но ние веќе победивме, излеговме од слепата улица, и имаме супериорна преставничка која во Тел Авив ќе настапи на истата сцена со Мадона, најголемата ексклузива на Евросонг.

Подготвувајте пуканки и табели, да навиваме во сабота!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена