12.6 C
Skopje
недела, мај 18, 2025
spot_img

Татјана Лазаревска- Цел свет на концерт

Македонци од Америка до Австралија завчера присуствуваа на концертот на фолк ѕвездата Татјана Лазаревска, што се одржа на базенот во хотелот „Император“ во Битола. По осум години пауза  Тања повторно на истото место се ретна со својата публика која е  раселена низ светот.

Концерото почна со песна за битолските ергени, а продолжи со „„Убавината од Македонија“, „Абре чичо“, „Луда журка“, „Љубовна азбука“, „Љубовден“, „Аце, Аце“ и други. Гости на концертот беа оркестарот „Маестрал“, кој ја придружуваше, музичарите Филип и Раде Нуневски, попознати како бражата „Нуне“,  битолската хумуристична група „Солзи и смеа“, како и нејзиниот колега Горан Тодоровски, кој ги отпеа „Пусти мерак Ратке“, „Ми ја зеде среќата“  и „Како да ти речам мила остани“.

Татјана, во свој стил за време на концертот блесна во неколку тоалети, дело на нејзината креаторка Лилјна Петревска од Гостивар, додека Тина „Контеса„ специјално од Скопје замина за Битола за да се погрижи за нејзината фризура.

Концертот по завршување на официјалниот дел продолжи со луда  журка до раните утрински часови. (В.М.)

Со семејството Јовески од Мелбурн
Наде и Оливер од Мелбурн на концертот прославија 22 години брак

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена