20.8 C
Skopje
сабота, јули 12, 2025
spot_img

Татјана Петровска и Орце Гелевски повторно пар

Познатите водители во Македонската телевизија, Татјана Петровска и Орце Гелевски повторно се водителски пар. Двајцата по долга водителска пауза  стартуваат со нова фолк емисија на МТВ, која ќе се вика  ” Фолк џубокс ” . Емисијата ќе трае 45 минути, ќе биде во живо а во неа покрај музика ќе има и гости. Ќе почне во 18.15 а ќе трае до 19 часот.

-Не случајно е земен дел од насловот на емисијата кој асоцира на нашиот некогашен заеднички проект ” Иселенички џубокс ” кој беше една од најгледаните и најпопуларна емисија на МТВ.  Но, овој пат со нова концепција и нови содржини како отворен програмски појас- секој работен ден, а  ќе биде насловен како ” Забавно студио “.  Нашата емисија ќе оди два пати во неделата,  во секој понеделник и четврток. Односно нашата во тие денови ќе се вика ” Фолк џубокс ” и ќе биде посветен на фолк музиката  , во вторник и петок  ќе се емитува ” Стисни плеј “, посветен на забавната музика  и во среда  ќе биде ” Едноставно заводливо “.  Сигурно дека е многу интересна и примамлива концепција за гледачите, а ние сме уште посигурни дека ќе им се допаднеме, ќе го освоиме нивното внимание и што е најважно ќе се потрудиме македонската музика и вистинските вредности да  ги вратиме на старите добри патеки. Тоа значи ќе бидат присутни сите музички теми, но главниот акцент ќе биде на фолк топ предлог листа а главната определба ни е да се вратат што повеќе квалитетни песни и пејачи, велат Орце и Тања.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена