Постојат многу теории и методи кои тврдат дека го подобруваат вашиот сексуален живот. Но, вистинската тајна за подобар секс е во вашата спална соба, и секако дека е бесплатна и лесна. Оваа тајна не само што ќе го подобри вашиот сексуален живот, туку се смета дека од ова ќе имате и многу здравствени придобивки. Не претпоставувајте. Тоа е вашиот сон. Само тој може да ви помогне да имате подобар секс.
Дополнителен сон. Да, дополнителниот сон во кревет може да го подобри вашиот сексуален живот на сите можни начини. Според студијата од 2015 година објавена во весникот „Журнал за сексуална медицина“, жените кои спиеле само уште еден час повеќе во текот на ноќта си ги зголемиле шансите да имаат секс следниот ден повеќе од 14 проценти. Повеќе сон води до подобра секс-врска, тврди студијата.

Другата важна работа е квалитетот на вашиот сон. Тоа не е само дополнителната количина која е важна, туку и квалитетот на спиењето може да влијае на вашиот сексуален нагон. Луѓето кои добро спијат обично се полни со енергија, имаат јасен ум и се пофокусирани. Сите овие квалитети придонесуваат да бидете поубави, поенергични и активни со вашиот партнер за време на сексот. Авторот на “Уморни женски водичи за страстен секс” вели дека замор е една од најчестите причини за ниското либидо. Многу луѓе немаат енергија за да се чувствуваат вклучени во секс сеансата. Од квалитетното спиење има една фантастична корист, а тоа е- помага да се одржи хормоналната рамнотежа на вашето тело. Квалитетниот сон покажува позитивни резултати во регулирањето на тестостеронот (секс хормон). Лишувањето од сон може да доведе до пад на нивото на тестостерон кое го симулира машкиот сексуален нагон а тоа незадоволство истовремено влијае и на жената.
Сонот ви дава енергија и ви помага да останете фокусирани. Добар секс бара да се фокусирате на вашиот партнер. Ова може да се направи само кога вашето тело е правилно одморено,а тоа може да го направи само спиењето. Постојаниот замор може да ве спречи да уживате во сексот. Затоа само спиењето може да ви даде енергија за да се вратите на вистинскиот пат.
Спиењето не е важно само за сексот. Сонот ја регулира телесната тежина, ја подобрува кожата и целокупното здравје. Сето ова дефинитивно може да направи да се чувствувате најсреќни и најсигурни.