17.4 C
Skopje
сабота, мај 17, 2025
spot_img

Тајните на убавите жени: Вера Мештеровиќ

Нема шанси а да не се свртите по неа – Вера Мештеровиќ е уште поатрактивна „во живо“, плени со својата фигура, ама и со некоја милост, што веројатно е дел од нејзиниот зодијачки белег. Имено, нашата екс-мисица и манекенка е родена во најженствениот знак Риби, емотивна е а во исто време и храбра, од оние жени кои насред градскиот метеж можат да го слушнат бранувањето на морето… Освен тоа, Вера е голем професионалец, исполнителна и одговорна и еве што ни откри во врска со нејзиниот изглед.


– Тајната на мојот изглед веројатно е и дел од генетика, но и од многу одрекувања и „слатки жртви“. А всушност, клучот е во балансот, помеѓу внесеното и потрошеното. Единствено така можеме да одржиме постојано добра физичка форма. Кога ќе се доведеме себеси во тој баланс, кога ќе научиме колку енергија е потребно да внесеме за дневните активности, без да дозволиме да создаваме непотребни резерви, тогаш го доведуваме целиот организам во еден баланс и на тој начин овозможуваме константност во релацијата на примената и потрошената енергија.
Што се однесува до исхраната, да, се хранам здраво и водам здрав живот и поради себе си и поради примерот кој сакам да им го пренесам на своите деца. Во исхраната вклучувам многу течност, вода пред се, јадам риба, повеќе бело, помалку црвено месо, многу супи, зеленчук и овошје.
Денот го почнувам со овсена каша со разни додатоци- семки, брусница, задолжително сок од грејпфрут, пијам зелен чај со ливчиња од роза и женшен, неодамна ми посочија чај од листови на маслинка, па ете, во овој период за засилување на имунитет, често го пијам.
Ми се допаѓаат зачини, најразлични, во мали количини- цимет, кари, каранфилче, морско оревче, куркума, буковка, толчена сол…Вечерата ми е лесна – салата или супа, парче риба или бело месо. Црвено вино сакам ама во одредени прилики.
Многу е важно да обрнеме внимание и на нашиот стил на живеење, негата и бенефитот е неизбежен: резултатот е одлична психофизичка состојба на нашето тело и на нашиот ум. Често одам на фризер во Id team hear bar, редовно посетувам Silluete, користам разни пакети за лице, маски, третмани за тело. Козметичката линија што ја користам е Beauty Factory, и козметичка линија со напредна иновативна технологија TAIVA.
Времето за себе е многу важно и потребно. Вежбам power пилатес, имам одлична инструкторка Кате.
Сакам природа, со децата пешачиме, шетаме, возиме велосипеди, читаме лектири.
И сето тоа не би имало смисол да ја нема позитивната енергија, гушкање, љубов насмевки кои ги споделувам со моите деца Андреј и Јована, мојата животна инспирација поради која зрачам. (В.Т.)

 

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена