16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Тања советува: Здравјето се чува секој ден- Пченката ги чува нервите, како ниедна друга билка

Пченката ги нахранила сите континенти и генерации луѓе – мали бели или жолто био зрна, кои растат на јаки клавчиња.Во Италија од пченката се прави палента, во Мексико тортиљи, а во Америка виски.Кај нас во големи количини, пченката се користи како сточна храна.Стоката на тој начин добива многу здрава храна од нас луѓето, кои живееме од неквалитетна готова храна и продизводи од бело брашно, лишени од сите хранливи состојки.
Пченката потекнува од Америка, поточно речено од високоравни перуански Анди, каде пченката настанала од дивите пченки.Кога луѓето сознале какви квалитети во себе сокрива оваа билка, брзо се проширува низ целиот свет.Денеска пченката се гаи низ цела Европа, често и неколку години по ред на исто тло.

Најдобро во пченката е неговата голема содржина на витаминот тијамин(Б1) задолжен за сочувување на нерви, на која што не му е рамна готово ниту една билка или житарка:
Во 100 грама на пченка има до 150 милиграми Б1 витамин.

Болните луѓе кои често посетуваат невролог, најчесто имаат намалено ниво на тијамин во крвта, кои во метаболизмот ги разградуваат јаглехидратите на молекули на глукоза, кои се единствена храна која ја прифаќаат мозокот и нервниот систем.Без доволни количини на глукоза, би биле во предпладневните часови уморни, потрошени, безволни, дури и раздразливи.Тијаминот е потребен и на манганот за производство на витална енергија, а и тој е елемент во пченката кој го има во големи концетрации. Пченката е затоа и најдобро природно средство за смирување, кое воедно ја потикнува способноста за концетрација и интелект.

Пченката има и други адути: висока концетрација на биотин (за убава кожа и цврста коса) повеќе од други прехрамбени продукти, повеќе нијацин(витамин Б3 за енергија на клетките, расположението), повеќе пантотенска киселина (витамин Б5 за виталност, одбрана од стрес)и повеќе фолна киселина (за растење, крв и делува регенеративно).

Важна е и високата концентрација на железо (за создавање квалитетна крв и дишење на клетката), селен (за имунолошка заштита) и цинк (за врзивното ткиво, производство на хормони, либидо, способност на доживување на оргазам и потенција).

Интересно е да се напомене дека треба да се употребуваат и влакната од пченката за смирување и намалување на крвниот притисок и количината на шеќер во крвта.Пченкарните влакна содржат етерично масло, танин, витамин Ц и К и останати важни биолошки активни состојки.
Чајот се прави од 50 грама на пченкарни влакна и 1 литар вода.Се вари 10 минути, се прецедува и се пие 2 до 3 чаши чај дневно.

Лековити својства на пченката се: јакнење на нерви, оживување на телото и духот, ја подобрува работата на мозокот и концетрацијата, извор е на хранливи продукти за убава кожа и бујна коса, го подобрува расположението, делува подмладувачки, го стимулира растот на клетката, ги јакнее  и поттикнува создавањето на крв, ги јакнее мускулите и срцето, гради здраво врзивно ткиво,не јакне имунитет и потпомага кај недостаток кај либидо и потенција.

Децата,  младите личности имаат повеќе потреба за хранливите состојки на пченката, затоа што им е потребна повеќе на енергија,оти побрзо ја трошат. Пченката во нивната исхрана не само што ќе ги засити, туку во рок од 40 минути по консумирањето ќе ја зголеми нивната концентрација, го смирува нивниот нервен систем и мозок.

Затоа, наместо чоколадо, почастете ги децата со пченка, печена или варена сеедно…..

Тања Турунџиева

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена