Како поздрав од 1001 ноќ – свежите смокви имаат ориентално меден сладок вкус, а „месото“ им е меко што се топи во уста. Смоквите се типично овошје кое е препознатливо со тоа што и во свежа и во сушена форма има лековити, хранливи состојки и се вбројува меѓу најздравите овошја. Единствено една смоква на саат време, може да го одложи гладот на целиот продолжен појадок, ги храни нервите и мозокот со витална снага и помага при симнување на килограми.

Смоквата потекнува од Ориентот, а во меѓувреме е проширена и во топлите краишта на Европското Средоземие. Смоквата се вбројува во најстарото лековито овошје. Уште египетските лекари, 1500 година пне, ја препорачувале смоквата како превенција за разни болести. Меѓу вредните делотворни нутритиви припаѓаат ензими кои ја победуваат опстипацијата, состојки уништуваат бактерии, балансирани нутритиви и урамнотежена комбинација на 11 витамини, 14 минерали и 14 амино киселини ( елементи на белковини).
Смоквата тешка 15 гр има 10 kcal, ама сеедно заситува и без разлика на нејзината калориска вредност. Шеќерите кои се наоѓаат во нејзиниот состав ( глукоза, фруктоза ), ги освежуваат живците и мозокот. За голем број на луѓе со ниско ниво на шеќер во крвта, смоквата би била алтернатива за сладок десерт.
Лековитоста на смоквата е – ја решава опстипацијата, помага при умор, слабост, немотивираност за работа, ја јакне способноста за концентрација, го подобрува расположението, го смирува нервниот систем, ги ублажува менструалните тегоби, а воедно и ја намалува и телесната тежина.
Меснатата, слатка смоква најдобра е алтернатива за замена на колачи,чоколади, кекси и други примамливи десерти полни со шеќер. Смоквите се еднакво слатки и еднакво вкусни, ама многу здрави, а не дебелеат. Имаат најголема алкална ( базна) вредност од сите други нутритиви. Заради тоа се подобни за неутрализирање на киселите намирници, на пример за оние кој јадат ( или мораат да јадат ) храна со многу голема киселост во кантини или во киосци за брза храна.
Киселата храна најмногу се наоѓа во месото, колбасиците, тестенини од бело брашно и благи работи.Големата количина на хранливите продукти кои ја создаваат слузта ја прави смоквата подобар лаксатив од лековите коишто можат да се набават во аптека.Бројните семки коишто се наоѓаат во смоквата, во цревата делуваат како балансирани нутритиви.Со помошта на неколку смокви дневно, можете да имате здрава флора, здрава цревна флора, отколку од било која друга намирница или таблета од аптека. Два посебни здравствени совети доаѓаат од Азија:
-Млекото од незрелите плодови од смоквата ги отстрануваат брадавиците.
-Забоболката ќе престане, ако забното месо го измасирате со свежото месо до смоква.
Смоквата мора брзо да ја изедете и не смее предолго да се чува. Се чуваат на ниска температура, малку над нула и можат да останат на таа температура во фрижидер околу 2 недели. Сувите смокви можат да се одржат и неколку месеци.
ТАЊА ТУРУНЏИЕВА