16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Тања Турунџиева советува: Здравјето се чува секој ден- Кајсија

КАЈСИЈА

Хунзите во планините на Каракорума во Пакистан живеат во просек десет години подолго од населението на средна Европа. Нивниот долг живот можеме да го препишеме на конзумирање  на големи количества на кајсии. Причината за позитивното влијание е големото влијание на каротенот, кој дејствува на зајакнување на имунитетот и предзнак е на витаминот А. Сето тоа допринесува исклучиво високи концентрати на растителни бои кои се таложат кожата и во самото месо од  кајсиите за време на нивното созревање.

Дрвото на кајсијата сака топлина. Поради тоа највеќе го има во јужна Кина, јужна Европа,северна Африка или Австралија. Во Германија поради климата секогаш насадите на кајсијата се загрозени.

Три кајсии содржат количина на каротен која одговара на количината на од прилика 2.500 меѓународни единици на витамин А. Tоа е половина од потребната количина на возрасен човек. Покрај тоа,кајсиите содржат натпросечно количество на ниацин ( за нерви, издржливост), фолна киселина ( за крвта,за растењето), пантотенска киселина (витамин Б5,за виталност, за разградување на мастите, за убава коса) и витаминот Ц ( за имунитетот). Тие се вкусни и содржат многу малку вода, а  својот жолтоцрвен изглед го должат на каротените односно антоцијанимот( растителен пигмент). Кај пушачите  кајсијата дејствува како заштита на плуќната марамица. Каротените го штитат овошното месо и кожа од штетни радикали.

Се купуваат свежи само кога им е сезоната. Потполно зрели или презреани немојте даги конзумирате, бидејки многу бргу скапуваат. Конзервираните кајсии се сиромашни со витамини. Премногу зрелата кајсија има брашнест вкус, прерано обраната воопшто како и да нема арома. Сувите кајсии се идеални да се намали гладта.

Кајсиите треба задолжително  убаво да се измијат бидејки е прскано со отрови, кои нај веке се сконцентрирани во самата кожа од кајсијата. Можете и да лупите за да ги јадете, но со лупењето се губи многу витамин Ц и фолна киселина.

Фото:agropress.org.rs

Семките на кајсијата се отровни бидејки содржат амигладин ( гликозид на коштестите овошја кој содржи водиков цијанид). Трудниците не би смееле да јадат поголемо количество на кајсии поради големото количество на бакар кој го содржат.

Кајсијата  го спречува процесот на стареење, го подобрува и чувството за осет, помага при умор и при потешкотии при концентација, ја зајакнува слузницата, кожата, косата и ноктите. Ја подобрува крвната слика и ги намалува потешкотиите при астма. Помага при суво грло и ждрело. Во секој случај уште малку ќе ги има на пазарите и затоа секој ден да се искористи нивната хранливост.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена