Плодовите на виновата лоза се гладни за сонце : во лето и во есен ги црпат хранливите материи и создаваат витамини со кои го зајакнуваат своето семе. Поради ова не е ни чудо да цели јата на птици колваат по гроздовите како деликатес. Грозјето им дава на луѓето биолошки супстанции и тоа не само како виното.
Потеклото на грозјето е од топлиот југ, додека влажните и ладни краеви не му одговараат. Грозјето успева и кај нас, во сончевите краеви. Во северна Европа виновата лоза доспева и до краевите покрај реката Рајна. Тоа е всушност крајната климатска граница.
Богатите гроздови зрна ја подобруваат работата на цревата и помагаат за регулирање на столицата, а воедно ја острануваат вишокот на вода од организмот, ги отсрануваат отровите. Го забрзува протокот на урината низ бубрезите, мочниот меур, како и на каналите , ги ослободува од бактериите и со тоа ја намалува можноста за воспалување на бубрезите и на мочниот меур. Грозјето ги содржи сите витамини од витаминот Б, освен Б12. Витаминот Б е важен за промена на јагленохидратите , за нервите и за мозокот. Фруктозата ( овошниот шеќер) многу лесно го поткрева нивото на шеќер во крвта. Премногу ниско ниво на шеќер во крвта е причина за умор, нервоза и недостаток на концентрација. Грозјето е богато со фолна киселина ( потребно за создавање на крвта), и на витаминот Ц ( кој е потребен за имунитетот). Зрната од грозје содржат и многу манган ( потребен за коските и за тироидната жлезда), како и магнезиум ( потребен за работа на мускулите и на срцето). Содржи калиум кој ја воспоставува рамнотежата при конзумирање на претерано солени, односно јадења богати со натриум.
Грозјето може да се искористи на повеќе начини, како што е свежо исцеден сок, гроздовите зрна во овошна салата, или едноставно само така да се конзумираат. Но, најважно е да се измијат добро пред да се конзумираат.
Грозјето ја подобрува работата на цревата, ги прочистува бубрезите, мочниот меур и каналите, го намалува предменструалниот синдром, помага за намалување на тежината, помага околу заморот и депресијата.
Со конзумирање на грозјето може и да се намали прекумерната телесна тежина, на пример 500 гр. грозје дневно плус 1000 калор друга храна е идеален рецепт. И со та воедно можете да бидете сигурни дека нема да Ви недостасува ни една хранлива материја.
И еден предлога како за утрински појадок: неколку лажици сирови семки, банана, грозје. Можете на сето ова да му додадете малку мед одозгора.
Фото: novosti.rs