14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Тања Турунџиева: Со маслинки против кандида

Секоја маслинка е комбинирана од состојки со најдобри нутритивни елементи, како што се голема концентрација на незаситени масни киселини, витамини и елементи во трагови. Освен во семките, јаткастите плодови и житарките, неможе да се најде толку големо богатство на висококвалитетни состојки, како во малата маслинка.

Тие се одгледуваат во целиот свет, во топлите и сончеви земји, каде нема студ.

Фото: elcomercio.pe

Важноста на маслинката се пронаоѓа од нејзиното богато масло,поточно речено од биоактивните мешавини на различните врсти на масни киселини. Плодовите големи отприлика 2 сантиметри со дозревањето, собираат и до 25% масло. Тоа е и причината за релативно виоката калориска вредност на маслинката, оти околу 73% од вкупната енергетска вредност се наоѓа во масните киселини. Предноста е тоа што само неколку маслинки го заситуваат гладот. Иако, звучи парадоксално, но маслинките потпомагаат при загуба на килограми( исто како и авокадото).

Каде имаме корисна маснотија има и витамин Е, како заштитник на имунолошкиот систем, антиоксиданс,кој се бори со слободните радикали. Тој витамин е и за подмладување.

Но,не само тоа.Содржи количини на витамин Ц, Д, К, ЕНЗИМИ, МИНЕРАЛИ, ОМЕГА-3, ПОЛИФЕНОЛ,ФЛАВОНОИДИ….

Потпомага при лекување и јакнење на срцето, при воспалителни процеси, намалување на килограми, подмладува, ги заштитува сите жлезди кои создавааат хормони. Помага при асма, артритис, бронхитис, гастритис, главоболка, дијабетес, екцем, хроничен умор, кандида, несоница, неплодност, проблемиу со варење на храната.

Ладно цедено маслиново масло се состои од 20% заситени и 80% незаситени масникиселини. Отприлика една десетина од тоа се највредните( есенцијални- животно важни) киселини. Тие организмот неможе да ги создаде, туку мораме да ги внесуваме преку храна.

Есенцијалните масни киселини се многу важни за  заштитната ципа на секоја   клетка, митохондрија во клетката која создава телесна енергија. Во колку не употребуваме маслинки и маслиново масло, ќе ни се намали и енергијата на организмот.

Есенцијалните масни киселини имаат посебна улога во произвотството на простагландин. Овие хормонални ткива се одговорни за воспалувања, отоци, чешање, главоболка, алергии….

Различните есенцијални масни киселини произведуваат различни типови на простагландин.

Потребно е секојдневно да се консумираат како маслинките, така и маслиновото масло.

Јадете разноврсни салати, зачинети со маслиново масло и маслинки.

Не се плашете од корисните маснотии. Тие го чуваат нашето здравје!!!

ТАЊА ТУРУНЏИЕВА

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена