11.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Тања Турунџиева – Храна за амортизација на стресот

Постои ли храна која го „одложува“ стресот и што е најумно да се јаде во стресни ситуации?
„Кога говориме за храната што го ослободува стресот од нашиот организам, предимство ќе им дадеме на сложените јаглехидрати. На прво место би го издвоила компирот заради лупинот а него е најдобро да го подготвуваме со лушпа. Можат да се издвојат и сите видови на зелка, потоа целерот, морковот, келерабата, мешунките, гравот, леќата, грашокот, боранијата. Број еден на нутритив претставува и авокадото, бидејќи содржи посебен вид на јаглехидрат- „манохепталоза“. Овој вид на шеќери не стимулира лачење на инсулин-хормон на панкреасот, туку го кочи.“


Витаминот Е потпомага во амортизација на стресот. Тој се наоѓа во маслинките, растителни масла, пченката. Затоа, кога сме под стрес, посегнуваме по маслинки. За амортизација на стресот се препорачуваат и нутритиви кои содржат селен, како што се морските плодови и морските риби, житарките како и јаткастите плодови . Продуктите кои содржат фолна киселина, како што се лиснатите зеленчуци, го релаксираат нервниот систем.

„Има уште нешто што можете да направите за себе, продолжува Турунџиева. Секое утро започнете го со 5 ореви од јатка (некршени). Тие содржат големо количество на Б витамини кои се од суштинско значење за нервниот систем. Потоа напите се природно цеден сок од портокал или грејфрут со една лажица мед. Цитрусите содржат Ц- витамин кој го контролира хормонот на стрес во нормала. Медот со своите 63 микро елементи придонесува да се релаксира и амортизира стресот. По овој утрински ритуал, напијте се чај од камилица. Докажано е дека камилицата го заштитува организмот од стрес. Таа го урамнотежува ослободувањето на хормонот на стрес и ги потпомага органите кои го лачат (хипофизата, хипоталмусот и надбубрежната жлезда). За константен стрес да се консумира камилица три пати на ден“.


За амортизација на стресот неминовни се и свежите ензими од овошјето и зеленчукот. Секојдневното консумирање на овошјето го ревитализира организмот. Најважни за стресни ситуации се ананасот, кивито, крушката… Од зеленчуците водат дајконот, целерот, морковот, белата трупка, ѓумбирот…
Но, како што кажа Тања Турунџиева, морат да се споменат и нутритиви кои дополнително ја развиваат хиперсензибилноста на организмот. Тоа се алкохолот, кафето, кофеинските напитоци и шеќерот.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена