Тања Турунџиева: Јадете лубеница секој ден, еве зошто

Лубеницата е сочно овошје, за кое луѓето најчесто мислат и веруваат дека е за згаснување на жед, а не се ни свесни дека има премногу биолошки активни состојки, коишто изобилуваат со многу витамини и минерали.
Лубеницата најдобро успева во топлите, ама не и премногу врелите поднебја, првенствено во земјите во Јужна и Југоисточна Европа, во Израел и во Северна Африка.Таа потекнува како највкусна од средоземјето.
Жолтото до интензивно црвеното месо на лубеницата содржи бројни каротени, кои во метаболизмот се разградуваат во важен витамин А.
Витаминот А ги стимулира човечките гени, а со тоа и интелигенцијата. Каротените поттикнуваат создавање на молекула колексина а  од нив настануваат ситни каналчиња низ кои хранливите продукти од крвта влегуваат во мозочните и нервните клетки.


Лубеницата содржи големо количество на пиридоксин ( витамин Б6). На тој начин витаминот Б6 внимава за синтеза на белковини во телото.
Лубеницата содржи и многу големо количество на нијацин (Витамин Б3), фолна киселина (за создавање на квалитетна крв и убава коса), железо (за мозок и нерви, добар сексуален живот и боја на коса). Огромна е концентрација на витаминот Ц (важен за имунитет, расположение и концентрација).
Лубеницата делува оживувачки и подмладувачки. Ја разубавува нашата коса и кожа, ги јакне коските и забите, го подобрува искористувањето на белковините, ја јакнее нашата крв, ја заштитува слузницата во целото тело, ги активира сексуалните хормони и го подигнува либидото.
Лубеницата е дар од природата, сочна и добра против жед како лимунада, слатка како чоколадо, а одлична за здравје.
Секој дел од лубеницата e одличен, не само за разубавување, туку и за подобрување на здравјето.
Одлична е како идеално овошје за разладување во топлите денови.
Лубеницата е највкусна кога е предходно оладена во фрижидер. Но, по вадењето од фрижидер не треба да се конзумира ладна веднаш, бидејќи може да му направи дополнителен стрес на организмот.
До сега не е докажано дека е овошје кое што би било забрането за некого.
Јадете лубеница секој ден додека ја има, ем разубавува и разладува, ем Ве прави здрави.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени