Телешка чорба
Потребно е: 200 г телешко месо без коска, 100 г моркови, 60 г корен од целер, 80 г кромид, 50 г маст, 60 г брашно, 30 г ориз, 150 г грашок, 50 г зелена пиперка, 40 г црвен пипер, 50 г магдонос, сол, црн пипер, 1 јајце.
Од маста и брашното направете светложолта запршка, полејте ја со ладна вода и ставете да се вари. Додадете го месото исечено на фини парчиња, ситно сечканиот кромид, на коцки исечканиот коренест зеленчук, грашок, исечкана пиперка, црвен пипер и сол, па варете околу еден час на тивок оган. На крај изматете го јајцето и полека сипете го во чорбата која врие. Сварете го оризот во солена вода, исцедете и додадете го на готовата чорба. Пред да послужите, посипете со сечкан магдонос или декорирајте со листови босилек.
Фото: balkanlunchbox.com