Потребно е– лигњи (пакување од половина килограм), маслиново масло, кромид, лук, 1 домат, 300 грама грашок, сол, магдонос и тестенини.
Кромидот и лукот ситно се пропржуваат на маслиново масло, се додаваат лигњи, вода и зачини, и се оставаат да крчкаат додека течноста не испари.
Кога половина од течноста од лигњите ќе испари, се додава грашок, доматот исецкан на коцки и магдоносот. На крај се додаваат сварените тестенини, маслиново масло и малку рендана кора од лимон.