Тест : Вашиот партнер е вашата слика

1.Што прво правите кога ќе се разбудите наутро?
а) Ништо особено
б) Го барам партнерот зашто не сакам да бидам сам/сама
в) Го планирам денот кој почнува

2.Како би го опишале сопствениот имиџ?
а) Се разликува по тоа во какви ситуации се наоѓам
б) Не се грижам за тоа, зашто ми е важен позитивниот став кон другите
в) Сакам во која било ситуација да бидам уреден/а

3. Во што се состои вашата сила?
а)Тешко може нешто да ме испровоцира
б)Многу сум чувствителен/а
в) Мојата сила лежи во мојата прецизност

4. Која од сопствените слабости би ја признале?
а) Покажувањето емоции не ми е силна страна
б)Мислам дека другите луѓе лесно можат да ме искористат
в) Не дозволувам да сум мета на трачеви

5. Што очекувате од луѓето?

а)Да бидат дистанцирани и да не го пикаат носот онаму каде што не му е местото
б)Топлина и поддршка
в) Да стојат на ветувањето што го дале

6. Што мислите за себе – какви сте за живот во двојка?
а)Секогаш возвраќам со иста мерка
б)Делам се` со личноста што ја љубам
в) Партнерството е О.К. но не е се` во тоа

7. Кое е вашето идеално работно време?
а) Вообичаено, осумчасовно
б)Работно време кое му одговара на мојот биоритам
в) Прецизно испланирано, со однапред определени паузи

8. Каков/а би биле како шеф?
а)Исклучително стручен/а, за разлика од мојот сегашен шеф
б)Се би можел/а да бидам само не шеф
в) Би се знаело што е работа и ред

Решение:

Најмногу одговори под „а“
Дистанцирана
Вие сте дистанцирана личност, која сака ист таков партнер. За вас авантурата би била зближување со спротивниот пол кој не познава и не признава граници. Личноста која од вас бара блискост би требало да не се разочара од инсистирањето на постојани чувства. Зарем би дозволиле систематичен партнер да го средува вашиот живот?

Најмногу одговори под „б“
Барате блискост
Вие сте човек кој секогаш бара блискост. Дистанцирана личност би ве средила така што не би можеле повеќе да се снајдете. Ниту систематичен тип не е за вас, зашто би ве измачувал доведувајќи ги во ред вашите чувства. Значи, ви останува тип кој бара блискост.

Најмногу одговори под „в“
Балансирана
Вие сте урамнотежена личност. Барате партнерот да биде со вас, но не можете да замислите тоа да трае постојано, 24 часа. Сакате да бидете во неговото присуство, но да имате време и за вашите пријатели. Сметате дека само така ќе имате совршен однос со партнерот, односно нема да се „задушите“ од него.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена