Тест. Како ја дочекавте пролетта?

Пет-шест ката по скали:
А. Се качувате без напор
Б. Само на почетокот сте полетни
В. Ве издава силата по неколку скалила

Вашиот стомак е:
А. Рамен, тврд, вовлечен
Б. Благо подигнат и еластичен
В. Млитав, полн со масни слоеви и често надуен

Сакате да живеете:
А. Во сегашноста
Б. Во иднината
В. Во минатото

Во текот на денот најчесто сте:
А. Расположени и дружељубиви
Б. Тажни и депресивни
В. Лути и нервозни

По јадењето:
А. Вашата храна се вари без тешкотии
Б. Чувствувате тежина, болка, а понекогаш и главоболка
В. Ве обзема лесна дремка

Со партнерот сакате да водите љубов:
А. Повеќепати во текот на денот
Б. Секојдневно
В. Кога партнерот или партнерката ќе посака

Се будите:
А. Подготвени за дневните обврски
Б. Живнувате дури попладне
В. Преморени

Вашиот сон е:
А. Секогаш добар и мирен
Б. Испрекинат и се будите уморни
В. Тежок, а наутро не ви се станува

Кога ве боли главата:
А. Земате таблета и чекате болката да помине
Б. Се обидувате да се олабавите
В. Пиете повеќе лекови, бидејќи не ви помага една таблета

Резултати

Најмногу одговори под А: Топ форма
Пролетта ја дочекавте во одлична кондиција и овој период за вас претставува природен и чудотворен извор на виталност. Сепак, погрижете се да спиете барем шест часови, а исхраната освежете ја со овошје и зеленчук.

Најмногу одговори под Б:Тромави
Можеби малку ги преценувате своите сили. Според вашите одговори, сте станале тромави во текот на зимските месеци. Потребни ви се многу повеќе прошетки, а добро би било да преземете и други физички активности. Ќе се чувствувате подобро со диета.

Најмногу одговори под В: Алармантно
Вашата енергија е при крај. Последен момент е да се погрижите за здравјето. Дозволете си одмор : барем седум дена со лесна храна богата со витамини. Не би било лошо да побарате совет од нутриционист.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!