ТЕСТ. Што крие вашата потсвест?

1. Што ви дава најголема сила?
а) Љубовта и вниманието на луѓето околу вас
б) Љубовта која вие ја чувствувате кон другите
в) Борбата која ја водите за да ги остварите своите цели
г) Взаемната доверба, чувството на внимание и припадност

2. Животот за вас е:
а) Долга и мирна река
б) Морска бура
в) Шанса за нови почетоци
г) Време на постојани промени

3. Вие сте човек:
а) Ѕвезда
б) Земја
в) Дете на своите родители
г) И земја и ѕвезда

4. Емоциите за вас се:
а) Симфонија составена од нежни ноти
б) Вкусно јаболко кое сакате да го вкусувате
в) Затворена книга со енигматична содржина
г) Слика од некој волшебник со боја на среќа

5. Која боја според вас ја опишува иднината на нашата планета?
а) Сина
б) Црвена
в) Сива
г) Зелена

6. Кога ќе се најдете сами сред ѕвездена ноќ, имате чувство:
а) На осаменост и несигурност
б) Моќ и сила
в) Студенило и меланхолија
г) Задоволство – исполнети сте со некое чудно чувство на сигурност

7. Љубовта за вас е
а) Освојување и привлекување
б) Потрага по личност – својата втора половина
в) Чувство на носталгија
г) Повик за заедничко соединување

8. Овој век го гледате како
а) Кризен, води кон некој вид на борба
б) Исчекување на промени и шанси некој да ве зграпчи
в) Период, почеток на ново време
г) Време на најголеми трансформации – нов напредок

9. Кога ќе видите жена која зрачи со задоволство, помислувате:
а) Задоволството се стекнува со време и искуство
б) Задоволството е последица на победи – квалитетен и успешен живот
в) Семејство, деца и лична среќа
г) Стануваме задоволни кога ќе се прифатиме себеси или своето вистинско јас – онакви какви навистина сме

Решение

Најмногу одговори под А-
Подреденост
Вие сте личност која не мисли само на себе, едноставно мисли и на другите. Најдобро е кога ќе се уверите во нечија наклонетост, тогаш, без воздржување се препуштате на чувствата и навистина давате се` од себе. Ахилова петица ви е тоа што на емотивно поле сте премногу ранливи и чувствителни. Склони сте да прифатите подредена положба, особено во љубовта. Совет – побарајте да добиете онолку колку што навистина ви припаѓа.

Најмногу одговори под Б-
Егоцентризам
Умеете добро да ја канализирате енергијата за да ги исполните своите приоритетни цели и желби. Не паѓате под влијанија и ги препознавате цицачите на енергијата. По природа сте страсни и често сте во состојба своите мисли и планови успешно да ги спроведувате и на дело. Понекогаш на виделина излегува вашиот егоцентризам, па со тешкотија ги препознавате вистинските вредности што ги имаат другите. Во љубовта секогаш тежнеете кон неизвесност, сакате непредвидливи ситуации и често и самите ги создавате. Всушност, вие сте зависник од адреналинот! За ваше добро, но и за доброто на другите, пожелно е да водите постабилен начин на живот.

Најмногу одговори под В-
Сензитивност
Вие сакате да бидете во заднина на своите емоции, некогаш дури и се криете зад нив. За да го постигнете тоа, треба добро да се познавате себеси, а можете да се пофалите со изразена самосвест и сензитивност. Иако сте сентиш- тип, во љубовта сакате независност и слобода, едноставно се задушувате кога другите ќе ве натрупаат со емоции. Природата и сите видови на уметност ви даваат дополнителна инспирација и вие најдобро се релаксирате со читање, пишување… а најважно е што знаете да учите од другите. Тоа ви е добрата страна – не ги потценувате туѓите ставови и идеи.

Најмногу одговори под Г-
Интуитивност
Вие постапувате под водството на вашата интуиција. Често, само ја насочувате креативната моќ, што е усогласена со вашето срце. Со текот на времето научивте да се прифатите себеси, да се сакате. Давате, ама и примате многу. Слабата точка е тоа што вашиот избалансиран поглед на животот не е доволно интересен за сите, и тоа не треба да ве обесхрабрува. Насочете се кон некој групен или друштвен проект (хуманитарна акција, борба против предрасуди, заштита на животната средина), така ќе можете да имате влијание врз промената на ставовите на другите луѓе. Најпотребна ви е емотивната приврзаност.
Фото – Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени