34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

„Тиквешки гроздобер“ со Цеца, „Љубојна“, Џамбо, Слаткар, „Некст тајм“, Сенди Ривера…

Од  седми до деветти септември  во Кавадарци ќе се одржи традиционалниот „Тиквешки гроздобер“ .  На програмата меѓу другите дневни активности, сите три вечери ќе има и богата музичка програма.

Првиот ден ќе има натпревар во правење коктели од вино, трка на келнери, ревијален ракометен натпревар  со ветерни на ракометната репрезентација на Македонија а потоа на градскиот плоштад се концертите на SAF Sound system(DJ Гоце &Пикисипи) и DJ George и на крајот Слаткаристика и Криско.

Вториот ден ќе започне со изложба на олд тајмер возила, турнир во стрит баскет, мото рели, настап на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, концерти на „Некст тајм“, „Љубојна“ и Џамбо Агушеви и за крај настап на диџеите Sandy Rivera  и Mossel .

Третиот ден, пак, покрај традиционалната берба на грозје ќе има големо карневалско дефиле низ улиците на градот, настап на бендот „Хепи енд“ и за крај е концертот на балканската ѕвезда Цеца.  

Фото: alo.rs

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена