Тиквешки пишии „а ла Моклиште“

Овој традиционален кавадаречки рецепт, синоним за совршен појадок и ужинка, ни го даде популарниот Горан Филипов, шеф на кујната во „Моклиште“, мотел сместен во најубавиот, најзелениот дел на Тиквешијата.
Веќе 20 години Горан е предаден на својата професија, го нарекуваат и „доктор за тесто“, а тој најмногу ужива во симбиоза на старото и новото, традицијата и современиот, урбаниот шмек.
Во неговото семејство готвењето е „семејна професија“ што започнала од татко му а сега со голема страст ја следи и синот. А кога работата е љубов, постојан предизвик – креација, се подразбира дека се создаваат јадења кои не само што се вкусни, туку на чинијата изгледаат совршено.
Рецептот за пишии Горан го знае од баба му, значи, базата е фамилијарна, а вели треба да се внимава на неколку моменти, тестото да не се премеси и да не е тенко. Изборот на брашно е секако важен, но најважно од се е што пишиите бргу се замесуваат и се неверојатно вкусни.

Пишиите се месат со брашно и топла вода, каде се додава квасец, шеќер, сол и масло. Кога тестото ќе е средно тврдо, а тоа можат да го почуствуваат искусните домаќинки, се прават топчиња, потоа тестото се расукува во облик на круг, и се дели на четири дела, одтаму и нивниот интересен облик.
Се пржат во многу загреано масло. Освен со сирење и ајвар, пишиите се комбинираат и со маџун- вкусен еликсир на здравјето, така имате вистински кавадаречки специјалитет.


Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!