Младиот Тони Андреев, кој учеството во македонското музичко шоу „Сите наши песни“, на неговиот официјален канал на Јутјуб го промовираше своето првенче „До мене, а толку далечна“. За песната беше изработен и спот кое е дело на Алек Тасевски од „Либеро бенд“. Музиката за песната ја направи Андреев, за текстот соработувал со Кристина Цонева, а за аранжманот со Драган Ристовски.
-Со својата певливост и едноставност, верувам дека песната ќе ги освои и оние најпребирливите. Заедно со тимот вложивме премногу енергија да и подариме на публиката убава модерна песна, која ќе остане да се слуша. Оваа песна е нова страница во работата која најмногу ја сакам, музиката. Со нетрпение ги очекувам првите коментари после интернет промоцијата, вели Тони.
Песната е во модерен поп ритам.