Пејачот Тони Шоу прослави 15 години од соло кариера. По тој повод во средата се одржа промоција на неговата нова песна и спот. Песната се вика “Она ме вози” за која музиката и текстот ги направи Тони, аранжманот е на Стевче Грозданов а снимено е во студио „ Ентерпрајс“ на Валентино Скендеровски. Спотот е режиран и снимен во неговата продукција “Тони Шоу мк мјузик” на чело со Здравко Петрушевски. Снимен е на неколку локации во Скопје, низ Карпош, на стадионот на ФК “Македонија” во Ѓорче Петров.

-Задоволен сум од оствареното. Имам десетина фестивалски настапи, дваесетина песни и албумот „Слатка мала“, вториот албум веќе е до половина готов, шест спота и еден голем хит „Слуга и цар“. Драго ми е што моите настапи станаа синоним за забава и тоа не само во Скопје туку и во многу градови низ државата, па дури и настапи во Грција, Бугарија и Србија, вели Тони.
Тој на промоцијата освен што го промовираше спотот во живо испеа неколку песни, меѓу кои и неговата „Слуга и цар“. На промоцијата поддршка му дадоа многу негови колеги, новинари и пријатели. Меѓу нив беа Мики Јовановски-Џафер, Стевче Грозданов, Бобан Мојсовски и дуги.


