Торба VS куфер

 

Со малку добра волја, добро испланирано и организирано, можете „целата“ летна гардероба да ја сместите во еден куфер и таму да се наоѓа се` што ви е потребно. Доколку помисливте оти откривме топла вода мораме да ве предупредиме дека се шегувавме.

Сеуште не најдовме жена на која еден куфер и е доволен. Се разбира, еден мора да биде главен и во него треба да ја сместите соодветно спакуваната гардероба и тоа на тој начин што на дното ќе ги ставите поголемите работи и оние што помалку се туткаат (фармерки, јакна за дожд). Над нив најдобро е да се стават маичките и фустаните. Во помала торба или ранец може да се сместат влечки и сандали. Во торбата за плажа ставете ги крпите и неа сместете ја во главната торба. И на крај, не го заборавајте приборот со козметика.

Торба на тркалца

Практиката покажува дека во автомобилот, доколку нема доволно простор, многу е подобро да земете торба отколку некој тврд куфер. Предноста на овие торби е што се лесни и меки, но на прв поглед разликата се чини минимална.

Класични куфери

Доколку размислувате колку пари да потрошите за ваков куфер не одложувајте премногу. Имено, ваков тип багаж не се купува секоја година и затоа не штедете. Правилото е дека веќе проверените марки се квалитетни и тие се најисплатливи. Тоа не значи дека вашиот куфер мора да биде Луј Витон. Но, за одредена сума можете да купите навистина квалитетен куфер.

Ранец

Не мора да бидете вљубеник во планините за да купите ранец. Имено, доколку не патувате со свој автомобил, што ви нуди целосна комотност, практичен ранец е вашиот единствен императив. Кожната варијанта е најдобра затоа што е добра за дожд или за истурен сок. Тркалата се пожелни, затоа што е многу полесно да се влече отколку да се носи.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени