11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

Триумф на „Балканика“ на „Охрид фест“

Александар Сања Илиќ  и неговата „Балканика“ триумфираа  на Интернационалниот фестивал „Охрид фест- Охридски трубадури“, што заврши вчера во Охрид. „Балканика “  ги собра симпатиите и на жирито и на публиката и нивната песна „Нови деца“, со која годинава ја претставуваа Србија на Изборот за песна на Евровизија, и со 81 поен ја однесоа победата.

Второ место а „Колонја“ од Хрватска, кои настапија со новата пејачка Ивана

Второто место од стручното жири  и припадна на групата „Колонија“, за песната „Зумбули“, која исто така ја доби и втората награда од публиката. Третата, пак, од жирито ја доби Марко Кон за песната „Крошна“, додека третата награда од публиката замина во рацете на триото  „Џентлменс“ за песната  „Убавина“.

Трио „Џентленс“ со интерпретација за пофалбаа публиката ги награди со трето место

„Охрид фест“ годинава го прослави 25 јубилеј а интересен момент, кој ја воодушеви публиката е што на сцената им се појавија шест водители, кои, освен на македонски јазик,  им се обратија на српски, албански, грчки, англиски и бугарски јазик. Роденденската торта изостана, но сите три вечери во хотелот „Нова Ривиера“, пред чие плато се организираше фестивалот, се случуваа журки. Балкан во мало, беше коментарот на присутните, бидејки за микрофонот се фатија и наши пејачи, но и музичките ѕвезди на фестивалот.

Шест водители ја поздравија публиката на шест јазика, како што прилега за интернационалната вечер
Ели Малаи од Албанија со убава песна и заслужена награда за сценски настап
Аплауз за Ален и на сцена и на фестивалската журка
Омилен на фестивалските журки, Пантелис Кастанидис од Грција

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена