Уживате во своите 40: Си ги трошите личните мераци и тоа- за свој ќеиф

1. Имате 40 и за вас повеќе нема тајни. Дишете со полни дробови, имате свој стил и свој буџет. И не се согласувате со циркус каде сопружниците постојано се озборуваат и изневеруваат, посакувате, ако Ви се случи љубов да биде- до балчак! Нема никаква дилема- животот допрва почнува!
2. Можеби мајка ви е разочарана, но Вие не сте. Животот ви е полн со неверојатни можности и потенцијали. Освен тоа, знаете дека сте силна. Научивте да кажете „не“, па кога ќе речете „да“, тоа повеќе тежи.
3. Имате време да се разгалите, тоа е вистински бинго. Еве денес, целото попладне можете да го поминете на тросед, читајќи книга или гледајќи добар филм, без да се карате за далечинското. Потоа, можете да изедете од убавото чоколадо. Само заради сопствениот ќеф… Мераци.


4. Пријателките ви завидуваат на независноста и на слободното време. Се разбира, јасно ви е дека во разговорите со својот партнер ве сожалуваат. Ама чекајте- тоа е само за да го убедат сопругот дека „самотијата е страшна“, веројатно плашејќи се за својата иднина.
5. Знаете како изгледа вечера- со себе си и какво е чувството да ја изедете сами. Но, тоа ви го изострува вкусот и чувството на препознавање. Кога ќе наиде „тој“, времето нема да го трошите на глупи докажувања. Исто така, знаете како е да се ужива во чаша убаво вино, испиено на раат, кога не треба да се прават три одделни сендвичи.
6. Не треба да се грижите што мисли некој друг и нема потреба постојано да прашувате: „Дали мојот задник изгледа голем во ова?“ Се сакате себе си.
7. На вашите пријателки им светнуваат очите кога им ги раскажувате додворувањата и пораките на додворувачите. Среќата е најубава додека се чека, а често слушате- „што би дала да сум на твоето место.“
8. Не се нервирате што „го нема“, и не се прашувате „каде и зошто заглавил“. Не се штрекате на секое трескање на лифтот, си спиете како кралица и целиот кревет е – за вас. Освен тоа, нозете можат да ви се недепилирани и да спиете во дебели „ала Бриџит Џонс“ гаќи. Животот едноставно е убав!


9. Бидејќи целото време е за вас, тоа значи беспрекорна шминка, облека и коса. И ништо чудно што постојано ве прашуваат- како стигнувате. Велите, добра организација е виновна за се, и се смеете во себеси.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!