16.8 C
Skopje
четврток, јуни 19, 2025
spot_img

Украсување. Фенг шуи совети за Нова година

‘- Елката ставете ја спроти влезната врата, на тој начин ќе ги подобрите семејните односи


– Елката и украсите нека бидат колку што е можно поприродни
– Не одбегнувајте светликави украси; огнот симболизира слава и углед, а ламбичките симболично го претставуваат него
– За да го подобрите здравјето, божикната ѕвезда или некое друго цвеќе засадено во земја држете го на средина на просторијата
– Украсните ангели ставете ги лево од влезната врата. На тој начин ќе имате помош од други луѓе
– Во десниот агол, спроти влезната врата, ставете две мирисливи и украсни свеќи. Така ќе имате празник полн со љубов и разбирање. Свеќите треба да се во жолта, црвена и кармин боја


– Зад вазната со цвеќе ставете огледало за да ја дуплирате убавината
– Главните светла не треба да се премногу силни
– Ставете перници или некои други украсни предмети со кои ќе се овозможи движење на позитивната енергија
– Повикајте парен број на гости
– Не сместувајте ги гостите во близина на вратата. Кој седи до влезот, секогаш прв си заминува дома

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена