Уште едно издание на Филиграните е пред нас, утре (26. ноември), фестивалот ќе го има 26-то издание, во салата на Домот на АРМ, со почеток во 20.часот.
Ќе се одгласат дваесетина нови фолк-рефрени со милозвучна мелоритмика во духот на чалгаџиско-свадбарската фолк-традиција, песни кои ќе ви направат кеиф на душата. И токму со тие распеани мелодии, разиграни ороводни песни уште на самиот старт пред 26 години Филиграните го промовираа новиот фолклоен музички жанр, чии рефрени со својата восхитувачка мелоритмика лесно допираат до срцата на големиот број љубители на убавата наша песна и тоа е главниот адут за популарноста на фестивалот, но и фактот што се темелат врз најчистите фолклорни изворишта.
Овогодишното издание ќе се одвива под мотото „СРЕЌНИ СМЕ ШТО ГИ ИМАМЕ ФИЛИГРАНИТЕ“ како признание и благодарност од авторите и пеачите-учесници во 26 годишната историја каде и најпознатите актери ги испеале своите најубави песни упатени до неговите творци-музиколгот Костадин Костадиновски и новинарката Катерина Стојановска – Десковска.
Новите дваесетина песни од Филиграните 2019 со милозвучните фолк-рефрени ќе ве релаксираат: Благица Павловска ќе го започне фестивалот со најслушаната песна од Филиграни 2018. Меѓу пеачите се Гордана Адамов – Лепа Лана, која заедно со Блага Петреска ќе добијат и награда за животно дело.
Потоа ќе настапуваат: гостинот од БиХ – Хако Обич, Ивајло Димитров – Бугарија, Орце Стевковски, Серафина Фантаузо, Дамјан Стојаноски, Влатко Алексовски, Васко Форти, Анита Бошкова…
Во ревијалниот дел ќе настапат Благица Павловска, Вики Среброва, Смиља Митревска, Кате и Нели ти реков, Јулија Мациевска.
Дојдете, организацискиот директор Зоран Десковски ве очекува, а влезот е слободен.
„Филиграни 2019“ премерно ќе се емитуваат на ТВ Сонце на 7-ми декември во 18:15часот.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени